Први снимки од местото на трагедијата во која загина едно лице

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа на Плетвар кога се преврте камион со битолски регистeрски ознаки.

Несреќата се случила околу 18 часот на патот Прилеп-Градско кај селото Ореовец, поради што сообраќајот бил целосно прекинат, а се создала колона од возила долга околу 20 километри.

Прекинот, како што информираше претходно „Македонија пат“, е поради превртено товарно моторно возило и истурен песок на коловозот, што го оневозможува одвивањето на сообраќајот.

Неофицијално, загинал возачот на камионот-кипер кој превезувал песок, кој од засега непознати причини се излизгал на патот и се превртел.