Според последните информации од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во моментов има врнежи од дожд и појава на ретки грмежи во Кумановскиот, Тетовскиот и Дебарскиот регион.
Во источните делови на Скопската Котлина се регистрирани поинтензивни, поројни врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи.
Според радарската слика, нестабилната облачна маса се движи во правец од исток кон запад, што значи дека во наредниот период врнежите и нестабилноста може да зафатат и други подрачја од земјата.
Надлежните препорачуваат внимателно движење, особено во подрачјата каде што има поројни врнежи и локална грмежлива активност, а граѓаните да ги следат најновите информации и предупредувања од УХМР.


