Силен земјотрес ја стресе Србија

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Земјотрес од 3,9 степени ја погоди јужна Србија, силно почувствуван во регионот

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово во 09:46 часот ја погоди југоисточна Србија.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил во близина на Лесковац, на околу шест километри од центарот на градот.

Хипоцентарот на земјотресот бил на многу мала длабочина, од околу 0 километри, поради што потресот бил силно почувствуван низ цела јужна Србија.

Засега нема информации за материјална штета или повредени лица, а надлежните служби ја следат состојбата.