Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтер – еве каде е епицентарот
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди островот Халмахера во Индонезија, соопшти Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика (BMKG).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 120 километри, на околу 58 километри западно од Тобело во провинцијата Северен Малуку.
Од BMKG наведоа дека земјотресот не претставувал опасност од цунами.

