Страшна несреќа денеска ја потресе Србија и цел регион, кога петнаесетгодишно момче од Нови Пазар рано утринава загина во Голија.
Според неофицијални информации, малолетникот испаднал од возилото откако автомобилот се превртел. Во несреќата биле повредени уште три лица, од кои едно потешко.
Засега не е позната причината за несреќата. Во неа учествувало само возилото во кое се наоѓал загинатиот малолетник.
Полициски екипи и спасувачки служби сè уште се на терен, а увидот е во тек.

