ТРАГЕДИЈА: Млада жена пронајдена почината, телото дадено на обдукција

Триесет и седумгодишна жена од Скопје била пронајдена почината во дом на подрачјето на општина Аеродром, информира МВР.

Случајот бил пријавен на 6 јули околу 22:45 часот во СВР Скопје.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, без видливи траги на насилство.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција.