Припадници на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка интервенирале при сообраќајна несреќа во која едно лице било повредено и останало заглавено во автомобил.
Несреќата се случила вчера, на 9 јули 2026 година, на улицата „Партизанска“ во Крива Паланка.
„По добиената дојава за сообраќајната незгода на улицата ‘Партизанска’, интервениравме со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.
Повреденото лице беше извадено од автомобилот, по што беше предадено на екипа на Итната медицинска помош“, информираат од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка.
Засега нема повеќе информации за причините што довеле до несреќата, ниту за здравствената состојба на повреденото лице.

