Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен маж, кој е осомничен за кривичното дело убиство.
Според Обвинителството, на 12 јули, по расправија и физичка пресметка меѓу неговите родители во семејниот дом, осомничениот земал нож и во дворот го нападнал својот татко. Како што се наведува, му нанел повеќе од 30 убодни рани во пределот на вратот и градниот кош, од кои таткото починал на местото на настанот.
Обвинителството информира дека во текот на истражната постапка ќе бидат преземени повеќе дејствија за целосно утврдување на мотивите за убиството, а ќе биде извршено и психијатриско вештачење на осомничениот.
Со цел обезбедување на неговото присуство во текот на кривичната постапка, јавниот обвинител до судот доставил предлог за определување мерка притвор.

