Од север и североисток во планинските предели на територијата на Македонија навлегува изразено нестабилна облачна маса проследена со силни поројни дождови, интензивни грмежи, засилен до силен ветер и локална појава на град.
Според радарската слика, нестабилноста се движи од северозапад кон југоисток, при што во наредниот период најпрво ќе ги зафати Кумановскиот и Кривопаланечкиот регион, како и делови од Скопската Котлина.
Во погодените подрачја се очекуваат краткотрајни, но интензивни врнежи, силни електрични празнења, локално невреме со засилен ветер и услови за појава на град.
На граѓаните им се препорачува внимателност и редовно следење на најновите временски информации поради можни брзи промени на временските услови.


