Попладнево силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, силен ветер и локална појава на град најпрво го зафати Скопје.
Потоа невремето продолжи да се движи кон исток, при што ги зафати Штип, Кочани и Пробиштип, каде граѓаните пријавуваат интензивни врнежи, силни налети на ветер и локални поплавувања.
Според моменталното движење на нестабилната воздушна маса, во наредните часови се очекува невремето да ги зафати Берово, Струмица и околните населени места.
На граѓаните им се препорачува зголемена внимателност, да избегнуваат непотребни патувања за време на невремето и да ги следат информациите од надлежните институции и Управата за хидрометеоролошки работи.


