Се превртело возило со гевгелиски регистарски ознаки, спасена е една жена со помош на интервенција на пожарникарите од Гевгелија, Валандово, Дојран.
Вчера три противпожарни единици учествуваа во извлекувањето на приклештено лице во превртено возило на пат кон Дојран.
Акцијата за извлекување на загрозениот возач од превртеното возило траеше речиси час и половина, од 05:30 до 06:55 часот изутринава.
Спасена е жена која за среќа претрпела само полесни повреди.
Сообраќајката е пријавена вчера на меѓународниот број за итни случаи за помош 112 и пријавено е превртен автомобил со тројца заглавени на раскрсницата за Дојран према Ѓопчели.

