Доцна вечерва важно известување за дел од жителите на Скопје

По Гостивар, Крушево, Маврово и белата пена во Вардар, сега и Булачани – Мицкоски, Тошковски и ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија.

Официјално известување од ЈКП „Гази Баба 2007“: Водата во населено место Булачани не смее да се користи за пиење.

Примерокот отстапува од критериумите за безбедност и квалитет на вода за пиење.

Се претпоставува дека е последица на обилните поројни дождови.

До дополнителни резултати – забрана за пиење останува на сила.

Ова е веќе осми случај.

Гостивар – труење, хиперхлорирање, „техничка вода“, сè уште без официјален потпишан извештај.

Крушево – вода заматена и микробиолошки неисправна затоа што уредот за хлорирање еден час немал струја.

Маврово – привремено не е за пиење.

Лепенец и Вардар – бела пена, четири дена тишина.

Сега – Булачани.

Мицкоски, Тошковски и организираната криминална група ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија. Граѓаните пијат отров. А одговорни – нема.

Мора да се знае кој е одговорен за извештајот од анализите на водата. Мора да знаеме кој ќе сноси кривична одговорност за тоа што се случува низ целата држава.

СДСМ бара итно да се направат анализи на водата во цела Македонија.

Соопштение на СДСМ