Вонредна вест: Камион излета од патот и се преврте

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера попладне на регионалниот пат Струга–Дебар, кај месноста „Лабунишки Ливади“, при што тешко е повреден возач на товарно возило.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 30 јули во 16:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека товарно возило „ман“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Р.П. од Вевчани, излетало од коловозот и се превртело.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга.