Цените во угостителските објекти во Охрид повторно се најдоа во центарот на вниманието, откако јавноста ја разбранува објава на Ѓорѓи Галетановски на социјалните мрежи.
Тој сподели дека при посета на охридски ресторан нарачал пастрмка, а по добиената сметка останал шокиран.
Според неговата објава, едно парче риба било наплатено неверојатни 3.720 денари.
„Ги корегираа цените и одма фул Охрид. Наредно лето ни децава од Скопје нема да ви доаѓаат, ќе седат само холанѓани – дедовци и баби“, напиша Галетановски на Фејсбук.
Објавата за кратко време предизвика бројни реакции и коментари, при што дел од граѓаните сметаат дека ваквите цени негативно влијаат врз имиџот на Охрид како туристичка дестинација, додека други посочуваат дека станува збор за специјалитет чија цена однапред треба да биде јасно истакната.



