Општина Дебар соопшти дека вечерашниот концерт „Дебар Фест 2026“ е откажан поради трагичната смрт на младо момче од Дебар.
Во соопштението, локалната самоуправа изразува длабоко сочувство до семејството, роднините и пријателите на починатиот, истакнувајќи дека во овие тешки моменти е со нив во мислите и со срцето.
„Во овие моменти на болка стоиме покрај нив со мисла и срце. Нека почива во мир, а на семејството му посакуваме сила и трпение да ја преброди оваа голема загуба“, се наведува во соопштението.
Поради трагичниот настан, организаторите донеле одлука концертот „Дебар Фест 2026“, кој требаше да се одржи вечерва, да биде откажан.
Засега не се соопштени дополнителни информации за околностите под кои починало младото момче.

