Вчера во 18:40 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода М.П.М.(48) од Италија.
При пасошка контрола и гранични проверки во неговиот личен багаж биле пронајдени и одземени два ловечки патрони.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

