Започна невремето во Македонија – УХМР објави мапа

Според најновата радарска слика, во моментов нестабилно време е регистрирано на југозападот од Македонија,

поточно во Преспанскиот регион, каде што има умерени врнежи од дожд проследени со ретка појава на грмежи.

Истовремено, во планинските подрачја на североисточниот дел од земјата се развива нестабилна облачност, која носи пороен дожд и локални грмежи.

Надлежните препорачуваат внимателност при движење и следење на најновите временски информации, бидејќи во текот на денот е можна промена на временските услови и проширување на нестабилноста и во други региони од државата.