Утрово телото на Лирим Хајредини е пронајдено во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава 4news.mk
Според информации на порталот станува збор за самоубиство.
Повеќе од 16 години тој беше оперативен директор на првата национална телевизизија на албански јазик Алсат.
Местото го обезбедува полиција, а телото ќе биде предадено на обдукција.
Тој беше искусен менаџер во медиумскиот сектор со експертиза во маркетинг, бизнис стратегии и телевизиска продукција. Покрај неговата менаџерска кариера, тој има работено и како преведувач на стручна литература.
Извор: 4news.mk

