Тлото не мирува – уште еден земјотрес пред малку почувствуван во Македонија

Уште еден земјотрес денеска е почувствуван во западниот дел од земјава, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил регистриран во 16:10 часот, со епицентар во тетовско-гостиварското епицентрално подрачје, на околу 47 километри југозападно од Скопје. Неговата локална магнитуда изнесувала 2,5 степени според Рихтеровата скала.

Потресот бил почувствуван од жителите на Гостивар и околината, со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала.