Американската актерка Хејден Панетиер почина на 36 години.
Смртта на младата актерка ја потврди нејзиниот претставник за „Еј-би-си њуз“.
„Со длабока тага ја споделуваме трагичната смрт на нашата сакана Хејден. Таа беше неверојатна светлина и сила на природата која донесе неизмерна љубов и радост на сите што ја познаваа – и на милионите што ја гледаа на екранот“, рекол нејзиниот татко, Скип Панетиер, во соопштението.
Нејзиниот татко побара приватност „додека нашето семејство одвојува време да ја обработи оваа незамислива загуба“.
Ти-ем-зет повикувајќи се на извори блиски до актерката, објави дека Хејден Панетиер починала во вчера, 16 август.
Понатамошни детали околу смртта на Панетиер не се достапни.
Почнувајќи како детска ѕвезда, со долга кариера и во телевизија и во филм, Панетиер е запаметена по нејзините улоги како Клер Бенет во хит серијата „Херои“ и како Џулиет Барнс во музичката драма „Нешвил“.
Таа исто така глумеше во „Сеќавања на титаните“, „Растење на Хелен“, „Ледена принцеза“ и „Врисок 4“.

