На 16.08.2026 околу 21:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопат Скопје-Тетово, во атар на с.Ласкарци, скопско,
патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(23) од с.Палатица, тетовско, удрило во ограда и излетло од патот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.К. и сопатниците М.С.(19) и 15-годишник, додека со телесни повреди се здобил сопaтникот Е.К.(20), сите од с.Палатица, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Известен е јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

