Централна Македонија е зафатена од облачна нестабилна маса, која на места носи пороен дожд и засилен ветер.
Според моменталната состојба, облачната маса се движи од запад кон исток, при што во наредниот период локално се очекува појава на поинтензивни врнежи и засилен ветер.
Се препорачува зголемено внимание во подрачјата каде што ќе има појава на пороен дожд и силни налети на ветер.


