Најмалку две лица се повредени во силниот земјотрес што го погоди јужниот дел на Перу.
Земјотрес со магнитуда 6,7 го погоди јужниот дел на перуанските Анди.
Најмалку две лица се повредени, а пријавена е материјална штета на куќи, здравствени центри и училиште.
Регистрирани се и одрони, а потресот бил почувствуван и во околните региони.

