Потребно е итно вклучување на доброволци во акцијата за гаснење на пожарот што избувна во близина на атарот на село Бигла, Делчево во непосредна близина на Спомен-собата на Дедо Митко Ороводецот.
Според првичните информации гори борова шума.
Поради ширењето на огнената стихија и потребата од дополнителна помош на терен, се упатува апел до сите граѓани кои се во можност да се вклучат во акцијата и да помогнат во справувањето со пожарот.
Се повикуваат доброволците да бидат особено внимателни и да ги следат насоките на лицата кои раководат со акцијата на терен.
Секој што може да помогне – нека се вклучи!

