НАЈНОВА ВЕСТ: Силно невреме во овој македонски град

Во регионот на Пехчево во текот на попладневните часови се развива силна нестабилна облачна маса, проследена со пороен дожд и интензивна грмотевична активност.

На места постои можност за појава на град, како и засилен ветер при наидување на поинтензивните јадра.

Се препорачува граѓаните да бидат внимателни и, доколку се на отворено, навреме да се засолнат од невремето.