Денеска невреме во Македонија – УХМР утрово со најнова вест

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град.

Температурите и натаму ќе бидат високи. Според метеоролошката карта, во јужните и југоисточните делови максималната температура ќе достигне до 40 степени, додека во централните делови ќе се движи околу 33 степени.

На запад температурите ќе бидат нешто пониски, со максимални вредности од околу 29 до 33 степени, додека на исток се очекуваат околу 32 до 33 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.