Поголемо нестабилно јадро е регистрирано северозападно од Прилеп, проследено со засилен ветер, грмежи, пороен дожд и појава на град.
Нестабилност проследена со појава на град има и во подрачјето јужно од Дебар.
Се препорачува зголемено внимание во погодените подрачја, особено поради можноста за локално интензивни врнежи, силни налети на ветер и град.
Состојбата се следи, а за понатамошното движење и јакнење на нестабилноста ќе информираме навремено.


