Силно невреме во овие македонски градови

Областите западно од Пробиштип, источно од Кратово, како и подрачјето на Македонска Каменица, се зафатени од нестабилни облачни маси проследени со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град.

Нестабилноста е локална и во наредниот период на овие подрачја се можни поинтензивни врнежи и краткотрајни невремиња.

Се препорачува зголемено внимание, особено во сообраќајот и на отворен простор.