Битолчанецот Злате Дургутовски е исчезнат од петокот, 21 август, околу 19:05 часот. Според информациите од неговата сопруга, тој излегол без телефон и без пари и оттогаш семејството очајно се обидува да дознае каде се наоѓа.
Во неделата вечерта, семејството добило информација дека Злате се наоѓа во Штип, дека е со повредена/имобилизирана нога и дека му е потребна помош за превоз назад кон Битола. Следниот ден повторно се јавил и побарал сопругата да дојде по него со нивните две мали деца.
Поради тешката финансиска состојба, немањето средства за превоз и сместување, како и грижата за двете мали деца, таа не успеала да пристигне во Штип. Од вторникот Злате повторно не се јавил. Семејството е во очај и бара помош од сите граѓани.
„Очајно го бараме само да се јави, за да му организираме превоз и да се врати дома. Двете мали деца го чекаат“, наведува сопругата во апелот.
Семејството ги повикува сите граѓани кои можеби го забележале во Штип, во околните населени места, села или во друг град, да пријават во полиција или да помогнат во воспоставување контакт.
Доколку некој дојде во контакт со него, да му овозможи да се јави на 078/550-521, за семејството да може да му организира превоз и безбедно да го врати дома во Битола.


