Забраната за движење во шума се продолжува – ЕВЕ ДО КОГА

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство  ја известува јавноста дека забраната за движење во шума се продолжува до 30 септември 2026 година и ги  повикува граѓаните на  посебна претпазливост  со цел спречување на појава на пожари на отворен простор.

Министерството ја потсетува пошироката јавност дека и во периодот кој следи  не е намалена опасноста од појава на пожари на отворен простор и граѓаните да биде особено внимателни бидејќи  поради високите температури  ризикот  од појава на пожари на отворен простор сеуште е голем и од суштинско значење е јавноста  да  ги разбере опасностите  како и последиците од појавата на пожари на отворен простор и со своето однесување да придонесат кон  заштита и сочувување на шумите, односно животна средина, имотите и заедниците во целина.

ВАЖНО

– Лица кои вршат активности на земјоделски површини  како и сточарите да бидат особено внимателни при извршување на активностите и да не дојде до неконтролирано палење на земјоделско земјиште и пасиштата што  е строго забрането со закон и претставува казниво дело.

– Сериозни ризици – пожарите на ниво на предел директно ги загрозуваат човечките животи, имот и животната средина. – Правни последици – предизвикување на пожар на отворен простор е казниво дело.

– Клучен елемент за спречувањето на пожари од пошироки размер  е Брзо откривање – јавноста да алармира на 112.