Нови детали: Меѓу тројцата загинати македонски државјани во Словенија има и дете

Се очекува полицијата денес да објави повеќе детали за несреќата. Според првичните информации, возач на патничко возило удрил во камион кој поради дефект бил заглавен на паркинг место помеѓу Уце и работната бариера пред Равбаркоманда.

Меѓу тројцата починати македонски државјани во Словенија има и дете, соопшти ИНституот за спасување Пас

  • Тројца се починати на лице место, а еден повреден е пренесен во болница со хеликоптер, друг ос возило на Брзата помош
  • Возилото удрило во задниот лев дел на камион во дефент застанат во сервисната лента

Во сообраќајна несреќа што се случи вчера во во 16:28 часот во близина на Копер во Словенија, на лице место загинаа тројца македонски државјани, додека двајца од петмината што биле во него, со повреди се пренесени во болница.  Несреќата се случила кога патничкото возило со италијански регистерски таблички, во кое се превезувале макеоднските државјани удриле во левата страна  а камион, кој бил застанат на сервисната лента. Според првичните полициски наоди, камионот заглавил на паркинг место поради дефект. Возачот на патничкото возило потоа удрил во задниот лев дел од приколката.

Лекар ја потврдил смртта на трите лица на местото на настанот, едно повредено лице е однесено во болница со хеликоптер, а повредениот возач на патничкото возило е исто така однесен во болница со возило на брза помош.

Институтот за сапсување Пас, кој работи на подигнување на свеста кај возачите, соопшти дека меѓу починатите има и едно дете.