Нестабилна временска состојба е забележана јужно од Крушево, каде има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во исто време, слаби до умерени врнежи од дожд се регистрирани и северозападно од Ресен.
Нестабилноста во овие подрачја може дополнително да се засили, поради што се препорачува зголемена внимателност, особено при движење и патување во погодените региони.
🌧️ Следете ги најновите информации за временската состојба и евентуалните предупредувања од надлежните институции.


