Нестабилна временска состојба попладнево е регистрирана во централните, западните и југозападните делови на Македонија, особено во планинските предели.
Облачните маси на овие подрачја носат врнежи од дожд, проследени со слаби грмежи.
Според моменталната состојба, нестабилноста е локализирана претежно во повисоките региони, каде повремено се забележува засилен развој на облачноста.
Во наредните часови се очекува врнежите локално да продолжат, додека временските услови ќе останат променливи и нестабилни.


