Времето денеска ќе биде сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.
Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 35 Целзиусови степени.
Во Скопје, исто така, се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Во делови од котлината ќе има услови за формирање на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 35 Целзиусови степени.
Според прогнозата на УХМР, времето денеска и утре претпладне ќе биде сончево и многу топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град.
До почетокот на следната седмица, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во четврток и петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.

