Кратовскиот регион попладнево е зафатен од нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи и локална појава на град.
Според најновата радарска и сателитска анализа, нестабилноста се развива над источните делови на државата и предизвикува интензивни врнежи на поединечни локации.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) објави мапа на која е прикажано движењето на нестабилната облачна маса, а граѓаните се предупредуваат на можни краткотрајни, но поинтензивни временски непогоди, проследени со засилен ветер и појава на град.
Метеоролозите препорачуваат внимателност при движење на отворено, особено во подрачјата погодени од невремето, каде локално може да наврне поголема количина дожд за краток временски период.
Се очекува нестабилноста во наредните часови да се преместува и кон соседните региони.

