Тешка несреќа – дете со тешки повреди пренесено во болница

Вчера (3.09.2026) во 16:40 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар е пријавено дека кај нив со повреди е донесено осумгодишно дете од Дебреше, гостиварско.

Според пријавеното, во дворот од куќата, детето управувајќи детски мотор удрило во паркирана тракторска приколка, информира СВР Тетово.

Од таму додаваат дека поради сериозноста на повредите, детето било префрлено во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.

Известен бил јавен обвинител, а увидна екипа од ОВР Гостивар извршила увид на местото на настанот.