58-годишен велешанец бил приведен вчера на граничниот премин Табановце, при излез од државата, откако полицијата утврдила дека возилото со кое патувал се бара преку Интерпол.
Како што информираат од полицијата, В.К. од Велес, кој има живеалиште во Валандово, бил запрен околу 13:50 часот при редовна гранична контрола.
При проверката било утврдено дека патничкиот автомобил „Пежо“, со италијански регистарски ознаки, е евидентиран како возило по кое трага Интерпол, на барање на Република Италија.
Автомобилот бил одземен, додека 58-годишниот маж бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово, каде што ќе продолжи постапката во врска со случајот.

