УДАРНА ВЕСТ: Убиство во Скопје – првични информации

Дваесет и петгодишен маж е убиен во скопски Дуќанџик, дознава „Скопје1“.

Според првичните информации, младиот маж бил застрелан и имал повеќе прострелни рани во пределот на телото и главата.

По пукањето, со екипа на Итната медицинска помош бил пренесен на Ургентниот центар, каде што, и покрај обидите да му биде укажана медицинска помош, починал.

Засега нема официјални информации за околностите под кои се случило убиството, ниту за сторителот и мотивите.

Се очекуваат детали од Министерството за внатрешни работи за случајот.

Извор: Скопје1