Повеќе од една година беше недостапен за органите на прогонот, поранешниот македонски функционер утринава се предал и е лишен од слобода

Поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами, кој повеќе од една година беше недостапен за органите на прогонот, утrинава се предал и е лишен од слобода.

Бајрами, кој е осомничен за проневера и злоупотреба на службената положба во случајот со Државна лотарија, сам се пријавил кај надлежните органи.

По Бајрами беше распишна меѓународна потерница. Тој заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби се меѓу главните осомничени за злоупотреби направени во „Државна лотарија“.

Во текот на денот се очекуваат повеќе детали од Министерството за внатрешни работи.

Покрај Груби и Бајрами, во случајот „Државна лотарија“, обвинети се и Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.

На почетокот на судењето сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, освен Бајрами кој беше недостапен на органите за прогон, и обвинетиот Башким Авдиу кој изјави дека не го разбира обвинението што му се става на товар и побара да му биде доставено писмено на неговиот мајчин, албански јазик.

Обвинението, кое го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, се однесува на дејствија преземени во текот на 2023 и 2024 година, со кои обвинетите ги пречекориле службените овластувања и предизвикале штета на „Државна лотарија“ во износ од 596.125.511 денари.

Тие се товарат за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Јавното обвинителство најави изведување на 231 материјален доказ, вештачења и сослушување на седум сведоци.

По барањето на обвинетиот Авдиу обвинението да му биде доставено на албански јазик со цел да може да се изјасни за вина, судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски го одложи судењето за в петок.

Артан Груби, по повеќе од 14 месеци бегство, во февруари годинава беше уапсен на граничниот премин Блаце. По распит во Обвинителството, Груби, наместо во притвор, кој претходно му беше определен во отсуство, поради безбедносни причини, доби куќен притвор