НАЈНОВА ВЕСТ: Страотна сообраќајна несреќа, едно лице загина

Попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа на патот Велес–Штип, во близина на клучката за село Дорфулија, во општина Лозово, во која животот го загуби 46-годишен маж од Куманово.

Според првичните информации, тој со автомобил „Шкода Фабија“ излетал од коловозот, по што починал на местото на несреќата.

Телото на починатиот е предадено на обдукција, а на местото на настанот се врши увид за утврдување на причините и околностите под кои се случила несреќата.

Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на увидот.