Бидете подготвени, доаѓа силно невреме во Македонија – ЕВЕ КОГА

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност.

Во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен северен ветер (над 40 km/h).

Од сабота дневната температура ќе биде во опаѓање.

Потоа до средината на следната седмица следува релативно стабилно и посвежо време.