На социјалните мрежи е објавена снимка од моментот во кој е подметнат големиот пожар во скопската населба Шуто Оризари, во кој изгореа 20 дуќани во трговски центар.
На видеото кое го објави „Рома њуз“ се гледа како двајца маскирани млади луѓе доаѓаат со електротинети и ги полеваат излозите на дуќаните со запалива течност, по што ги палат.
Случајот го истражуваат надлежните органи, кои треба да ги утврдат сите околности и причините за избувнувањето на пожарот.
Фото и видео: Рома њуз

