Едно лице загина, а три се повредени во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на магистралниот пат Гостивар–Стража, соопшти МВР.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во 22:55 часот во СВР Тетово. Во неа учествувале две патнички возила „голф“.
Едниот „голф“, со гостиварски регистарски ознаки, бил управуван од 34-годишниот А.И. од село Чегране, а негов сопатник бил 28-годишниот Х.К. од Гостивар. Со второто возило, со тетовски регистарски ознаки, управувал 21-годишниот Д.Н. од Тетово, а сопатник била 21-годишната Ф.Ј., исто така од Тетово.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош на местото на несреќата била констатирана смрт кај возачот Д.Н.
Останатите три лица биле пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар, каде што им биле констатирани телесни повреди.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар. објави Скопје1.мк

