Тлото не мирува: Силен земјотрес го стресе регионот

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер синоќа е регистриран во морското подрачје во близина на островот Кефалонија.

Според првичните автоматски податоци на Геодинамичкиот институт во Атина, епицентарот бил на околу 21 километар југозападно од Ликсури, на длабочина од 10,1 километар.

Засега нема информации за повредени лица, ниту за материјална штета предизвикана од земјотресот.