ПАДНА ОДЛУКА: Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која се менуваат малопродажните цени на нафтените деривати.

Со најновата одлука, ЕУРОДИЗЕЛ поевтинува за 2 денари по литар, додека бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 3,50 денари по литар.

Поскапување има и кај екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1, чија цена се зголемува за 4,50 денари по литар. Мазутот М-1 НС поскапува за 2,242 денари по килограм.

Новите максимални цени ќе изнесуваат:

ЕУРОСУПЕР БС-95 = 100,50 денари/литар
ЕУРОСУПЕР БС-98 = 102,50 денари/литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС = 99,00 денари/литар
Екстра лесно масло ЕЛ-1 = 109,50 денари/литар
Мазут М-1 НС = 48,243 денари/килограм

Промената доаѓа по растот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Кај дизелот, пак, врз конечната цена влијаела и примената на намалената стапка на ДДВ од 10 отсто.

Од РКЕ потсетуваат дека станува збор за максимални цени. Трговците на големо и мало можат да формираат и пониски цени од утврдените.