Цените на нафтата вечерва забележаа пад, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Русија и Украина се согласиле да ги прекинат нападите врз енергетската инфраструктура на спротивната страна.
Нафтата „Брент“ се спушти на околу 106 долари за барел, откако во текот на денот достигна четиримесечен максимум од 110 долари, пренесува „Трејдинг економикс“.
Во пад е и цената на суровата нафта, која вечерва се движи околу 102 долари за барел.
Претходно во текот на денот достигна 105 долари.

