Тажната вест за нејзиното заминување ја соопшти фондацијата „Film-San“, потврдувајќи дека познатата глумица подолго време се борела со тешка болест
Почина познатата турска глумица, македонската публика ја памети по култната улога во „притаени страсти“!
Турската актерска легенда Ѓулшен Тунџер (Gülsen Tuncer), која македонската публика добро ја познава и ја засака по улогата на тетката Арсен Зијагил во хит-серијата „Притаени страсти“ (Aşk-ı Memnu), почина на 81-годишна возраст.
Тажната вест за нејзиното заминување ја соопшти фондацијата „Film-San“, потврдувајќи дека познатата глумица подолго време се борела со тешка болест – тумор на мозокот, кој бил во четвртата стадиум.
Според турските медиуми, нејзиното здравје дополнително се искомплицирало поради откажување на органите и респираторни проблеми.
Ѓулшен Тунџер е родена во 1945 година во Адана, а своето актерско образование го завршила на Драмскиот оддел при Градскиот конзерваториум во Истанбул. Нејзиниот професионален пат започна во далечната 1968 година со претставата „Zilli Zarife“, по што оствари повеќе децении богата кариера исполнета со бројни театарски, филмски и телевизиски улоги.


