Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претежно во северните и источните региони ќе има услови за слаб дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, со утрински температури од 8 до 15 и дневни од 26 до 32 степена.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд, а температурата ќе се движи од 14 до 32 степена.
Утре се очекуваат повремени врнежи и нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во понеделник врнежите ќе продолжат, но ќе бидат со послаб интензитет.
Од вторник се очекува стабилизирање на времето и пад на температурите за неколку степени поради продор на постуден воздух од север.

