Поинтензивна нестабилност со пороен дожд, појава на ретки грмежи и засилен ветер е забележана во Светиниколскиот регион.
Во југозападните делови од земјата има слаби до умерени врнежи од дожд, додека во делови од Скопската Котлина и понатаму се регистрираат слаби до умерени врнежи.
Метеоролозите предупредуваат дека нестабилното време локално може да биде проследено со пообилни врнежи, грмежи и засилен ветер.
Се препорачува зголемено внимание, особено во подрачјата каде што има поинтензивни врнежи.


