Македонија згрозена: Малолетници нападнале шест и пол годишно дете – го соблекле и го снимале во соблекувалната од спортска сала

Вчера во 12:45 часот во ОВР Кочани, 42-годишен маж од Кочани пријавил дека во соблекувална од спортска сала на основно училиште во Кочани,

неговото шест и пол годишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник од неколку други малолетни деца, поголеми од неговото дете.

Известен е јавен обвинител и Центар за социјална работа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.